Русија е подготвена да им помогне на европските земји кои се зафатени од поплави

Русија ја нуди својата помош на Европа.

Министерот за вонредни состојби на Русија, Владимир Пучков, предложи помош на европските колеги во отстранувањето на последиците од големите поплави.

Пучков упати телеграми во кои тој понуди помошна шефовите на службите за вонредни состојби во Чешка, Швајцарија, Германија и Австрија, како и на европскиот комесар за меѓународна соработка.

Кога ќе добиеме соодветно барање, ние сме подготвени за благовремена реакција како и за спасувачки акции, изјави министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња