Производството на нафта во Русија за пет месеци е зголемено за 0,5%

Во Русија расте производството на нафта.

Во периодот од јануари до мај годинава во Русија се зголеми експлоатацијата на нафта за 0,5% во споредба со истиот период во минатата година (до 215,397 милиони тони), пренесува РИА Новости, повикувајќи се на материјали од Централната управа за енергетика.

Според податоците на Управата, во 2012, во споредба со 2011, Русија го зголеми производството на нафта за 1,3%, додека извозот на нафта е намален за 1%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња