Нередите во Турција не се опасност за руските туристи

Масовните нереди во Турција не се опасни за руските туристи. Ова го изјави Ирина Тјурина, портпарол на Рускиот сојуз за туризам.

Масовните нереди во Турција не се опасни за руските туристи. Ова го изјави Ирина Тјурина, портпарол на Рускиот сојуз за туризам.

Нашите туристи се одмараат на плажите, а таму сѐ е спокојно, изјави Тјурина. Таа исто така забележа дека „никакви повици за состојбата на Русите во Турција немало во Рускиот сојуз за труизам“.

„Тие кои заминуваат во Истанбул, секако, ги известуваме за тоа што се случува таму, им објаснуваме за неопходноста да се држат настрана од нередите и да бидат внимателни.“, забележа таа.

Во Турција веќе неколку дена не стивнуваат народните побуни. Почнувајќи во Истанбул, бранот протести се прошири насекаде низ големите градови во републиката - Измир, Адана, Самсун, Газинтеп и Анкара.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња