Москва се најде на третото место според цената за изнајмување на деловни простори

Москва - трет најскап град во светот за изнајмување деловен простор.

Москва се најде на третото место меѓу светските градови според цената за изнајмување на деловни простории, соопштува Прајм, повикувајќи се на истражувањето на компанијата Knight Frank. Според истражувањето, средната цена за изнајмување на деловен простор во Москва во 2012 изнесувала 1.200 долари за квадратен метар годишно. Поскапо од Москва е изнајмувањето на деловна површина во Хонгконг, каде средната ена изнесува 1.757 долари, додека населбата West End во Лондон е на второто место со 1.652 долари за квадратен метар годишно.

После Москва следуваат Токио и Париз. Во иднина се предвидува зголемување на цената за изнајмување деловен простор во Москва, но со позабавено темпо. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња