Москва се најде на 62 место меѓу најголемите светски финансиски центри

Москва го зазема 62 место во рејтингот на меѓународните финансиски центри во кој влегуваат 78 градови во светот.

Москва го зазема 62 место во рејтингот на меѓународните финансиски центри во кој влегуваат 78 градови во светот. Ова денес го соопшти заменикот градоначалник на Москва, Андреј Шаронов на форумот „Паметниот град на иднината 2013“.

Според економскиот потенција, Москва се наоѓа помеѓу лидерите, подвлече Шаронов, но според удобноста за живеење - не ги исполнува очекувањата.

„Москва може да се вклучи во 20-те светски градови каде е лесно да се заработува. Во исто време Москва се наоѓа на последните места меѓу 100-те градови во светот според квалитет на живот, и затоа задача на властите на градот е да работат на подобрување на квалитетот на животот во градот“, соопшти заменикот на градоначалникот на Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња