Русија го поддржува режимот на сирискиот претседател Асад поради неколку причини, пишува професорот по политикологија во Сити-колеџот во Њујорк, Раџан Менон. Обично таквото однесување на Москва се објаснува со тоа што Сирија купува многу руско оружје, и со тоа дека сириското пристаниште Тартус е важна база за руската флота, но во реалноста нештата се поинакви, се кажува во статијата.
Како прво, според експертот Русија никогаш не ги сакала хуманитарните интервенции предводени од САД. Русија е свесна за многуте пропаднати сценарија кои САД и сојузниците ги доживеаја, и Русија не сака да се повтори истото сценарио и во Сирија.
Второ, Москва сака да си го врати авторитетот во светската политика, и сирискиот конфликт е вистинска шанса Русија да докаже дека Москва е навистина важна и дека кон неа се однесуваат сериозно и со почит, пишува експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче