Руски „Аерофлот“ после четиригодишна пауза ги обнови чартер линиите од Москва кон Торонто.
„Летови ќе има три пати неделно - во средите, петоците и неделите“, изјави Андреј Новокшонов, претставник на компанијата во САД. Од Москва од Торонто ќе може да се пристигне за 9 часа. Освен „Боинзите“, на овој лет ќе летаат и „Аеробуси“.
Аерофлот за прв пат почна да лета во Торонто во 1998 година, а претходно 30 години леташе во Монтреал. Во 2009 година, кога глобалната финансиска криза го достигна својот максимум, Советот на директори на авиокомпанијата реши да се прекинат летовите во Торонто сѐ додека повторно не се зголеми побарувачката за билети. Од тогаш па до сега таа линија ја одржуваше само компанијата „Трансаеро“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче