На Русите им се забранува пушење

Законот против пушење дојде и во Русија.

На 31 мај во Русија беше одбележан Светскиот ден за одвикнување од пушењето, а на 1 јуни во земјата стапи на сила законот против пушење.

Отсега Русите не ќе можат да пушат во канцелариите, во влезовите на станбените згради и секаде каде не постои адекватна вентилација. Освен тоа, пушењето ќе биде забрането на железничките и автобуските станици, аеродромите и другите јавни места. Оваа мерка е спроведена и со забрана за рекламирање на производи од тутун.

Според истражувањето, 79% од Русите го одобруваат овој закон. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња