Јарославските активисти посадија компир во дупките на патиштата

Активисти, незадоволни од лошите патишта во Јарослав, вчера посадија компир во најдлабоките дупки на градските патишта за да го привлечат вниманието на властите.

Активисти, незадоволни од лошите патишта во Јарослав, вчера посадија компир во најдлабоките дупки на градските патишта за да го привлечат вниманието на властите.

Вчера во локалниот центар во Јарослав се одржа акцијата „Дупки во боја“, организирана од општественото движење „Налутени граѓани“. На почетокот добиле инструкции и боја, како и соодветни елечиња за да не бидат удрени на патот, а потоа заминале да бараат дупки на патиштата.

Во најдлабоките дупки на патиштата учесниците на акцијата посадиле компир, или, според нивните зборови, за да видат што ќе се случи побрзо: дали ќе порасне побрзо компирот, или патните служби ќе ја поправат дупката. Според зборовите на организаторите,  сите дупки веќе ги фотографирале, а фотографиите ќе бидат дадени во општината на градот со молба да се поправат патиштата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња