Директна авионска линија меѓу Челјабинск и Црна Гора

Нова авионска линија меѓу Челјабинск и Тиват.

Престолнината на Јужен Урал, Челјабинск и црногорскиот град Тиват за прав пат се поврзани со директна и редовна авионска линија. Првиот лет на оваа линија е извршен на 31 мај.

Летот трае околу 5 часа. Патниците од Јужен Урал претходно мораа да го менуваат авионот во Москва за да дојдат до Црна Гора. Редовните летови од Тиват до Челјабинск ќе се одвиваат секој петок до 13 септември. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња