Повеќе од 450 луѓе, вклучувајќи ги и жителите на Екатеринбург и дипломатите од ЕУ учествуваа вчера на масовното возење со велосипеди. Акцијата е една од најважните моменти на фестивалот „Денови на Европа“, кој се одржува во уралскиот град пред одржувањето на самитот ЕУ - Русија.
Секој учесник добива маица со симболот на изложбата „ЕКСПО-2020“ и Светскиот Куп по фудбал (натпревари ќе се одржат и во Екатеринбург).
„Одлични импресии имаме од Екатеринбург. Убав, европски град. Ова е прекрасно место“, изјави шефот на Делегацијата на ЕУ во Русија, Фернандо Валензуела.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче