На 1 јуни во Москва е уапсен 67-годишен пензионер кој возејќи автомобил „Лада“ удрил во неколку возила.
Сообраќајната полиција се обидела да го запре возачот на „Ладата“ за да го легитимира, меѓутоа тој ги игнорирал полицајците. Тогаш полицијата тргнала да го запре сомнителното лице.
За време на потерата, пензионерот удрил во четири автомобили, од кои во еден се наоѓале и полицајците.
Трката завршила со апсење на стариот возач, кој и покрај сѐ - давал отпор при апсењето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче