Во Русија ќе се отвори првото кино за документарни филмови

Во Москва ќе се отвори првото кино во кое ќе се прикажуваат исклучително документарни филмови.

Првото кино во Русија во кое ќе може да се гледаат само документарни филмови ќе се отвори во Москва на 6 јуни, а на 7 јуни ќе започне со работа, ги пренесува РИА Новости зборовите на директорот на „Центарот за документарно кино“, Софија Гудкова.

Центарот за документарно кино ќе стане место на кое ќе се прикажуваат документарни филмови по теми, ќе се одржуваат часови од специјалисти, конференции и кинофестивали. Во секојдневниот репертоар задолжително ќе бидат вклучени актуелните документарни филмови, како и образовни и научно-популарни документарни филмови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња