Северната флота вчера наполни 80 години

Северната флота на Руската Федерација вчера наполни 80 години од создавањето, а неговиот главен брод - 15 години.

Северната флота на Руската Федерација вчера наполни 80 години од создавањето, а неговиот главен брод - 15 години. И флотата и бродот се млади, што значи дек пред нив има голема иднина која морнарите во оваа руска флота ја заслужија со својот однос кон работата на море.

Последниве неколку години оваа руска флота успешно ги враќа загубените позиции во светскиот океан после распадот на Советскиот Сојуз. Службата во оваа флота е тешка, но е исто така и престижна. За да служат морнарите во главниот брод „Петар Велики“, тие треба да поминат низ медицински и психолошки тестови и разговори со командантите.

Бродовите на Северната флота извршуваат задачи во најразлични точки во светскиот океан, а многу месеци се наоѓаат во постојани походи, поминувајќи по стотици илјади морски милји. нивните екипажи многупати се одликувани со различни награди, а последната ја добија морнарите на „Петар Велики“ за успешно извршена задача. Станува збор за престижниот орден на адмиралот Нахимов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.