Путин им честиташе 10-годишен јубилеј на „Смешарики“

Претседателот на Русија им го честиташе јубилејот на групата кои ги создадоа „Смешарики“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, им го честиташе на колективот создавачи на анимираниот серијал „Смешарики“ 10 годишниот јубилеј од создавањето на оваа серија за деца.

„Смешарики“ се цел свет, добар, силен и привлечен. Тоа е анимирана серија направена во духот на најдобрата традиција на руската анимација која ги учи децата да читаат и да пишуваат, да разликуваат што е добро, а што лошо, да се дружат и да се разбираат еден со друг“, се кажува во текстот на поздравната телеграма.

Серијалот „Смешарики“ е создаден во рамките на образовниот проект „Свет без насилство“. Тој е поддржан од министерството за култура. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња