Проблемот околу заштитата на авторските права е актуелен во Русија не само во културата и филмот, туку и во други сфери - науката, образованието, иновациската економија, изјави претседателот на Думата, Сергеј Наришкин.
„Имено затоа ние на последниот состанок на советот за култура во Думата разговаравме за тоа прашање. Разговаравме и за тоа дека новата уметност тешко се пробива во медиумското пространство. Дојдовме до заклучок дека тоа се случува бидејќи авторските права се лошо заштитени. Во врска со тоа ние специјално на состанокот на советот за култура го поставивме тоа прашање“, изјави Наришкин во интервју на една од руските телевизии.
Според мислењето на Наришкин, заштитата на авторските права претставува „цел збир од проблеми“, тргнувајќи од незаштитеноста на авторите па до распространувањето на материјалите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче