Министерството за одбрана на Русија ќе ангажира 60.000 војници по договор во 2013

Министерството за одбрана на Руската Федерација ќе ангажира 60.000 војници кои ќе служат по договор во оваа година, изјави началникот Виктор Горемкин.

Министерството за одбрана на Руската Федерација ќе ангажира 60.000 војници кои ќе служат по договор во оваа година, изјави началникот Виктор Горемкин.

„Министерот за одбрана нареди да се ангажираат 60.000 војници по договор во 2013 година“, изјави Горемкин на радиото „Ехото на Москва“.

Според неговите зборови, денес планот за ангажирање на војници по договор е 106% реализиран. Началникот изјави дека е задоволен од динамиката на избор на војниците и „квалитетот“ кој го покажуваат. Исто така, Горемкин изјави дека 68% од војниците кои служат по договор во армијата имаат високо или средно образование, што порано не беше случај. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња