Украина донесе план за најголемата воена реформа од 1991 до сега

Кабинетот на министри на Украина ја донесе програмата за модернизација на армијата до 2017 година во вредност од 16,3 милијарди долари. Парите треба да бидат најдени преку продажба на непотребен имот кој го поседува Министерството за одбрана. Руските експерти сметаат дека со таков буџет Украина може да реформира само „микроскопски“ дел од армијата.

Во средата за време на состанокот на украинската влада беше донесена програмата за реформа на вооружените сили во државата. Како што соопшти министерот за одбрана Павел Лебедев, за петгодишната програма ќе се издвојат околу 16,3 милијарди долари. Како што пренесува ИТАР-ТАСС, министерот забележа дека реформата ќе се финансира за сметка на буџетот преку продавање на вишокот имот на Министерството за одбрана.

Како што е познато, после распадот на Советскиот Сојуз Украина доби армија од 700.000 луѓе. Стратешките нуклеарни сили (176 меѓуконтинентални балистички ракети и 2.600 единици тактичко нуклеарно оружје) беа дислоцирани од републиката во 1991 година.

Денес украинската армија има 184.000 луѓе. Планот за реформи предвидува нејзино намалување до 70.000 луѓе. Сепак, најголемите проблеми денес во украинската армија се поврзани со недостатокот на средства и ниското ниво на финансирање. Како резултат на ова - моралот на офицерите е низок. Само за оваа година буџетот на армијата на Украина изнесува помалку од 2 милијарди долари. Тоа значи дека украинската армија троши 5 пати помалку отколку што троши руската армија на еден војник.

Во Москва со голема недоверба гледаат на грандиозните планови на Украина. Според мислењето на заменикот на директорот на рускиот Институт за политичка и воена анализа, Александар Храмчихин, засега не може да се зборува за тоа дека „украинската армија речиси и не постои“. Според него, „тешко дека 16 милијарди долари ќе бидат доволни, освен ако Украина планира да создаде микроскопска армија. Но јас не сум уверен дека тие ќе ги најдат и тие средства“, изјави Храмчихин. „За годините независност, украинските генерали продадоа многу воен имот, а тоа ’среќа не им донесе’. Нивото на корупција во Украина е поголем од Русија. Соодветно, јас сум многу скептичен во однос на нивните планови“, додаде експертот.

Првите вице-претседател на руската Академија за геополитички проблеми, Константин Сивков, смета дека оваа сума не е доволна за создавање на армија која ќе може да ја заштити Украина во полна мера. „Ако Украина сака да има помалку од 100.000 војници и ново, современо вооружување, тогаш парите кои се предвидени за тоа ќе им бидат доволни. Но со тоа нема да може да се обезбеди сигурноста на целата територија доколку се појави неопходност за тоа.“, изјави Сивков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња