Странци ќе стрелаат од рускиот систем „Град“

Шеесет идни артилеристи од 23 држави под раководство на руските офицери ќе извршат задачи на отворени и затворени позиции.

Претставници од 23 држави во светот во јуни годинава ќе се соберат за да извршат стрелање од рускиот реактивен систем „Град“ на полигонот во Оренбуршката област, соопшти за новинарите претставник на Централниот воен округ.

Во јуни студентите од специјалниот факултет на Воената академија во Пенза ќе извршат комплексни и практични задачи со стрелба од системот „Град“ на полигонот во Тоцки.

„Шеесет идни артилеристи од 23 држави под раководство на руските офицери ќе извршат задачи на отворени и затворени позиции“, изјави претставник од Централниот воен округ.

Според неговите зборови, ќе се применуваат и противтенковски топови МТ-12, хаубици „Мста-Б“, противтенковскиот комплекс „Штурм-С“, реактивните системи „Град“ и „Ураган“ и други. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња