Русија планира испорака на борбени авиони МиГ-29М/М2 во Сирија, пренесува РИА Новости. Точниот број на авиони сѐ уште не е познат, но има информација дека станува збор за над 10 авиони.
„Во моментов делегација од Сирија се наоѓа во Москва. Се разговара за деталите и роковите на исполнувањето на можниот договор за испорака“, изјави генералниот директор на компанијата „МиГ“, Сергеј Коротков.
ЕУ донесе одлука да се укине ембаргото за испорака на оружје во Сирија. Москва изрази разочараност поради тој факт, нагласувајќи дека руските испораки служат исклучително за одбранбени цели.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче