Компанијата „Калашников“ ќе ги обедини најголемите претпријатија од одбранбениот сектор

Обединувањето на ижевските претпријатија „Ижмаш“ и „Ижмех“ под капа на „Калашников“ беше предложено во ноември од Рогозин.

Концернот „Калашников“ ќе ги обедини не само компаниите „Ижмаш“ и „Ижтех“, но ти други големи претпријатија од рускиот воен индустриски комплекс, изјави Дмитриј Рогозин.

Дмитриј Рогозин уште во ноември предложи обединување на овие претпријатија. Во декември на должноста генерален директор во ижевското претпријатие дојде Константин Бусигин, со што работата околу обединувањето со „Калашников“ започна. Покасно Рогозин предложи да се обедини и фабриката „Молот“, која ги произведува рачните митралези Калашников.

Овие чекори во воената индустрија на Русија се прават за да се зголеми економската и научната ефективност во овие претпријатија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња