Во Советот на ООН за правата на човекот предложија привремено да се забрани производството на боеви автономни роботи кои се способни самостојно да носат решенија за уништување на живи цели. Експертите сметаат дека ако не се забави развивањето на вакви технологии - за 30 годни се очекуваат првите жртви меѓу луѓето од страна на ваквите роботи.
Во четвртокот Кристоф Хајнс во ООН повика на мораториум за производството на летални автономни роботизирани системи. Хајнс го претстави извештајот во текот на состанокот на Советот во ООН за правата на човекот. Експертот повика да се повикаат државите да воведат мораториум за производството и користењето на роботизираните автономни системи. Како што пренесува ИТАР-ТАСС, користењето на вакви системи предизвикува појава на „прашања кои имаат далеку поголеми последици за заштитата на животот во услови на војна и мир“.
Освен тоа, експертот забележа дека „невозможно е да се создаде адекватен систем за правна одговорност“ за време на користењето на автономните роботи. „Додека во случајот со беспилотните летачки апарати човекот го носи решението за употреба на оган, кај роботизираните автономни системи компјутерот решава кого ќе пука“, изјави Хајнс. Тој е уверен дека „војната без размислување - е механички колеж“, и имено затоа „светот треба да земе пауза“ околу создавањето на технологии кои дозволуваат машините да убиваат луѓе. Хајнс констатираше дека во моментов нема во ниту една армија во светот автономни роботи, но напомна дека вакви системи со различен степен на автономност и смртоносност веќе создаваат армиите на САД, Изразел, Велика Британија, Јужна Кореја, Русија и Кина.
Руските експерти имаат различни мислења за запирањето на создавањет на вакви роботи. Тие сметаат дека создавањето на овој вид автоматизирани системи нема никој да го запре, и дека тие, порано или покасно, ќе се појават. Според нив, на идните боеви полиња ќе војуваат исклучително роботи со вештачка интелигенција.
Некои експерти забележаа дека дури и сега во машините може да се внесе алгоритам кој ќе им дозволи да донесат решение без учество на човекот. Како пример го наведоа системот „Мртва рака“, кој СССР го развиваше во 70-те години. Овој систем беше предвиден за автоматски нуклеарен удар во случај СССР на биде нападнат. Овој систем самиот требало да разбере по определени признаци дека може да донесе решение за лансирање на нуклеарните глави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче