Башар Асад: „Русија веќе ни испорача С-300“

Претседателот на Сирија, Башар Асад премина во дипломатска контраофанзива чија цел е да се прекинат повиците за негово заминување.

Претседателот на Сирија, Башар Асад премина во дипломатска контраофанзива чија цел е да се прекинат повиците за негово заминување. Во интервју за либанската телевизија тој даде две сензационални изјави, кажувајќи дека руските системи С-300 веќе се испорачани во Сирија, како и тоа дека има желба лично да замине на мировните преговори во Женева. Со самото тоа Башар Асад не само што им прати на своите опоненти сигнал за бесплодноста на обидите за негово симнување од власт, туку и се обидува да го зацврсти своето право за преговори од позиција на сила - услов кој е неприфатлив за опозицијата. Иницијативата на Асад ја става Русија во непријатна позиција со овие изјави.

Со самото ова ситуацијата околу сириската криза станува уште позбркана, а перспективите за мировната конференција уште понејасни.

Одговарајќи за прашањето околу испораката на руските системи С-300, тој изјави: „Сите договори со Русија ќе бидат исполнети, некои сосема неодамна беа исполнети“. Таа фраза од светските медиуми беше протолкувана како потврда за тоа дека првите С-300 веќе се наоѓаат во Сирија.

Таквата изјава стана изненадување и за Москва, која со претпазливост пристапува кон прашањето за С-300. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња