Зошто Кремљ не се брза со амнестијата на 100.000 бизнисмени?

Путин ја отфрли „сировата“ варијанта на проектот за амнестија на лицата кои направиле економски прекршоци. Власта сеп плаши дека под маската на подобрување на инвестициската клима, на слобода ќе излезат реални измамници и крадци.

Една од основните задачи која пред себе ја стави Путин кога беше избран по трет пат за претседател - беше суштествено да се подобри бизнис климата во државата и да се подобри местото на Русија во рејтингот на Светската банка (Doing Business) од 120 на 20 место за пет години. За да се оствари тоа, треба да се решат тековните бирократски проблеми, но и да се создаде структура која ќе ги заштитува интересите на бизнисмените од бесправни дејства од страна на чиновниците.

Во почетокот на мај годинава, Константин Титов, омбудсманот за правата на претприемачите, му предложи на парламентот да објави амнестија за 100.000 бизнисмени. Според мислењето на Константин Титов, тоа е потребно „за да се заврти нова страница во историјата, напишана уште во беззаконието после перестројката“, кога, според Титов, бизнисмените често станувале жртви на нечесна конкурентна борба и уште почесто застанувале во суд.

Иницијативата ја поддржаа членовите на долниот дом, додека Путин не се согласи со истата, наведувајќи дека документот сè уште не е доработен. Како аргумент тој наведе дека меѓу затворениците кои е предложено да се амнестираат има и луѓе кои се обиделе да извезат материјали кои се користат за производство на оружје, односно, предложи појасно да се доработат критериумите.

„Претседателот стои пред избор. Според анкетата од СЦИОМ, 33% од населението ја поддржува амнестијата за претприемачите, 36% - не ја поддржуваат, а 31% немаа одговор. Бидејќи претседателот ги застапува сите слоеви од општеството, тој треба да најде варијанта која ќе го задоволи мнозинството“, ја објасни Борис Титов позицијата на шефот на државата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња