Арапскиот свет за прв пат е широко претставен на меѓународниот саем „Арабија-Експо 2013“, кој вчера се отвори во рамките на 11 седница на руско-арапскиот деловен совет.
Во работата на саемот ќе учествуваат министерства и комитети, државни и приватни компании од Русија, ОАЕ, Ирак, Алжир, Судан, Либан, Бахреин, Египет, Оман, Јордан, Мавританија, Палестина, Тунис и другите арапски земји, како и земјите од ЗНД.
Саемот треба да помогне да се воспостават врски меѓу руските и арапските здруженија на стопанственици, стопанските комори и финансиските структури на регионално ниво.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче