Во рускиот дел на Меѓународната вселенска станица монтирана е лента за трчање

Нова лента за трчање во Меѓународната вселенска станица.

Во април со транспортното летало „Прогрес“ во Меѓународната вселенска станица е доставена лента за трчање, а нејзиното монтирање е завршено пред неколку дена. Сега руските космонаути во станицата ќе можат да трчаат на лента од домашно производство која има специјален систем за изолација на вибрациите.

Досега руските космонаути трчаа на американската лента TVIS, која се наоѓа во службениот модул „Ѕвезда“, а другата ваква справа за вежбање стои во американскиот дел на станицата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња