Сочуваното меко ткиво и крвта на мамутот најверојатно ќе помогнат да се реши прашањето околу клонирање, соопшти во четвртокот управникот на изложбениот дел на Музејот на мамути „Лазарев“, при Институтот за применета екологија, Сергеј Фјодоров.
„Да, ние планираме да го клонираме мамутот. Дали ќе биде тоа возможно, ќе се знае после анализата на неговата крв и примероците од ткивото на животното. Меѓународната заедница е возбудена поради откритието на остатоци од мамут-женка на Новосибирските острови. Откритијата секоја година се сè посензационални. Тоа е поврзано со процесот на глобално затоплување и зголемениот интерес на луѓето за коските од мамути“, изјави Фјодоров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче