Во Екатеринбург се разговара за дигиталното радио

Во Екатеринбург се одржува конференција „Иднината на дигиталното радио“.

На конференцијата „Иднината на регионалното радио“ во Екатеринбург, обраќајќи се на учесниците и гостите, заменик претседателот на владата на Свердловската област, Александар Петров изјави: „Во иднината нас не чека глобална дигитализација на радио сигналот. Тоа ќе овозможи поквалитетно и подостапно радио емитување. Тоа е посебно важно сега кога Екатеринбург се подготвува да биде домаќин на неколку големи меѓународни спортски, политички и културни манифестации. Исто така, се надеваме дека во ноември Екатеринбург ќе добие право да биде домаќин на ЕКСПО-2020“.

„Нам ни се потребни нови технологии и ние ќе го привлечеме знаењето и искуството на странските колеги“, додаде заменикот на министерот за врски и масовни комуникации на Русија, Алексеј Волин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња