Русија сака договор и решение за тужбата на Иран за С-300

Иран ја тужи Русија поради неостварените обврски околу испораката на С-300.

Мали се шансите Русија да победи во судскиот процес започнат поради тужбата од Иран за анулирање на договорот за продажба на системот С-300, смета директорот на државната корпорација Ростех, Сергеј Чемезов.

Иран поднесе тужба и побарува 4 милијарди долари во Меѓународниот арбитражен суд во Женева против руската компанија „Рособоронекспорт“ поради анулирање на договорот за испорака на системот С-300.

„Ние сега се обидуваме да се договориме со иранската страна и да потпишеме договор, но засега нема резултат“, соопшти Чемезов во четвртокот во Аман. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња