Русија ја критикува изјавата за забрана на летови над Сирија

Русија со коментар за предлогот за забрана на летови над Сирија.

Руското Министерство за надворешни работи ја критикува изјавата на САД за можното воведување на забрана за летови над Сирија и го повика Вашингтон строго да се придржува до билатералните договори за сириската криза кои се постигнати во Москва за време на официјалната посета на државниот секретар, Џон Кери, се кажува во коментарот на официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Александар Лукашевич, објавена во четвртокот на интернет-страницата на министерството.

„Сега е важно да се спротивставиме на обидите на тие кои очигледно сакаат неуспех на руско-американската инцијатива и подготвуваат причини за оправдување на воена интервенција“, се кажува во документот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.