Русија и Србија ќе ги развиваат односите меѓу армиите на двете земји

Соработката меѓу Русија и Србија јакне.

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, Валериј Герасимов разговараше со својот српски колега Љубиша Диковиќ за билатералната воено-техничка соработка и ситуацијата на Балканот.

Во текот на разговорот кој се одржа во четвртокот во Москва, главниот акцент е ставен на перспективата за воено-техничката соработка меѓу двете земји, ситуацијата на Балканот, а исто така и за неколку актуелни прашања од регионалната и меѓународната безбедност.

Герасимов изјави дека оваа година контактите со министерството за одбрана на Србија станаа почести. Според неговите зборови, новиот импулс во руско-српските односи во воената сфера ја поттикна декларацијата за стратешко партнерство, потпишана на 24 мај. Таа, меѓу останатото, подразбира и соработка на министерствата за одбрана на двете земји. Во декларацијата се зборува и за потребата за јакнење на таа соработка на долгорочен план.

Диковиќ изјави дека „оваа средба ги потврдува добрите односи меѓу двете армии. Нашите односи имаат стратешко значење“, изјави тој. „Ние ќе ги развиваме овие контакти меѓу нашите земји“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.