Лери Кинг стана водител во Russia Today

Еден од најпознатите американски водители, Лери Кинг започна со работа на руската телевизија Russia Today, изјави главниот и одговорен уредник, Маргарита Симонијан.

Еден од најпознатите американски водители, Лери Кинг започна со работа на руската телевизија Russia Today, изјави главниот и одговорен уредник, Маргарита Симонијан.

Емисијата ќе се вика Larry King Now. Снимањето ќе се одвива во студиото на RT во Вашингтон.

Лери Кинг работи во новинарството повеќе од 56 години. За тоа време тој имал повеќе од 50.000 интервјуа со претседатели, актери и музичари, политичари и јавни личности. Руските гледачи го знаат Лери Кинг од интервјуто од 2000 година со претседателот Владимир Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња