Неколку илјади луѓе се пријавија за учество во руско-украинскиот доброволен корпус, создаден за помош на сирискиот претседател Асад во борбата против екстремистите. Ова го изјави иницијаторот за создавање на корпусот, полковникот во пензија, Сергеј Разумовски, кој се наоѓа на челото на „Украинскиот сојуз на офицери бескуќници“.
Разумовски кон средината на мај со видео снимка соопшти за создавањето на доброволниот корпус. Тој им се обрати на „сите ветерани од СССР, на сите руски и украински офицери“. Според зборовите на полковникот, властите на Украина никако не реагирале на оваа иницијатива.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче