Заменикот на градоначалникот за транспортни прашања, Максим Ликсутов, изјави дека наскоро во јавниот транспорт во Москва ќе може да се транспортираат велосипеди.
Според неговите зборови, оваа година неколку автобуски и тролејбуски рути ќе бидат опремени со систем кој дозволува да се стават и пренесат до три велосипеда.
„Ова е прв чекор кон овој проект, ние веќе се договоривме со органите на сообраќајната полиција“, изјави Ликсутов.
Освен тоа, тој вети дека во првите и последните вагони на возовите кои сообраќаат локално ќе се појави „инфраструктура“ за пренос на велосипеди.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче