Роскосмос и Европската вселенска агенција (ЕВА) за време на авиосалонот во Ле-Бурж во Франција ќе потпишат меморандум за соработка за време на идните истражувања на Месечината и Сончевиот систем, изјави за новинарите шефот на ЕВА, Жан-Жак Дорден.
Авиосалонот во Ле-Бурж ќе се одржи од 17 до 23 јуни.
„За време на одржувањето на авиосалонот ние планираме да потпишеме со Роскосмос меморандум за заемно разбирање. Тој ќе се однесува на соработката меѓу двете страни во истражувањето на Месечината и за идните истражувања на Сончевиот систем“, изјави Дорден.
Во март годинава Роскосмос и ЕВА потпишаа важен договор за „ЕгзоМарс“. Според него, планирано е лансирање на орбитална сонда TGO во 2016 година за истражување на Марс и симнување на неговата површина на тест-модул EDM, а во 2018 година - испраќање на платформа со ровер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче