Огромна заинтересираност за учество на Петербуршкиот меѓународен економски форум

Популарноста на Петербуршкиот меѓународен економски форум расте - организаторите се принудени да го ограничат бројот на учесници.

Од 15 мај вредноста на премиум-пакетот за учесник на Петербуршкиот меѓународен економски форум изнесува околу 450.000 денари (до 15 мај - околу 280.000 денари), додека стандардниот пакет чини 280.000 денари, а до 15 мај истиот чинеше 170.000 денари.

Барањата за учество на форумот значително ги надминува можностите на самата организација и местото на одржување, и затоа се стремиме да го ограничиме учеството, односно на Форумот да присуствуваат само првите лица на компаниите, објаснува Дмитриј Михајлов, прв заменик на директорот на Фондот „ПМЕФ“.

Зголемувањето на цената за учество - не е правилна мерка, смета Дмитриј Морозов, сопственик на компанија за производство на лекови. Колку повеќе учесници има - толку подобро. Форумот не е клуб за неколкумина избрани. Сосема друга работа е тоа што организаторите наскоро ќе се судрат со неопходност од зголемување на капацитетот, бидејќи интересот за форумот расте секоја година, забележува Морозов.

ПМРФ ќе трае од 20 до 22 јуни. Генерални партнери на Форумот оваа година се Роснефт, Сбербанк, Гаспром, Внешекономбанк и Руските мрежи.

Учеството на ПМЕФ годинава е потврден од 1.361 учесник, од кои 158 се раководители на големи странски компании, а 325 - на руски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.