Лингвистите го пронајдоа на Алјаска најизолираниот дијалект на рускиот јазик

Руските лингвисти од експедицијата во Алјаска донесоа аудио и видео снимки на дијалектот кој е во умирање, а кој 100 години се развивал речиси во целосна изолација од „големиот“ руски јазик.

Мира Бергелсон, професор на катедрата за лингвистика и информатички технологии на факултетот за странски јазици во МДУ и соработникот на Институтот за лингвистика при РАН, Андреј Кибрик, во октомври минатата година без во посета на Алјаска во селото Нинилчик. Таа населба се појавила во 1847 година од Руси кои заминале во Алјаска и се смешале со локалното население. Со продажбата на Алјаска во 1867 година, контактите на ова населено место со Русија се намалиле и до 1960 година  овие носители на рускиот јазик немале никакви контакти со Русија.

„Нам не ни се познати други случаи кога рускиот јазик како мајчин јазик постои толку далеку и толку долго изделен од секаков контакт“, изјави Бергелсон.

Во тој дијалект има многу обични руски зборови, но некои од нив го измениле своето значење, одделни зборови се земени од сибирските дијалекти, англискиот јазик, како и од локалните јазици. Во дијалектот исчезнал средниот род, а употребата на женскиот род се намалила: „Мојот ќерка дојде“.

Сега во Нинилчик зборуваат на англиски, а рускиот го знаат и памтат само 20 луѓе, и сите тие се постари од 75 години. Во 1997 година, по покана на локалните жители, руските лингвисти за прв пат заминаа таму за да собираат материјал за речникот. Задачата на експедицијата во 2012 година беше да се провери претходно собраниот материјал. Подготовката на речникот научниците ќе ја завршат во 2014 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња