Украина е подготвена да ги отстапи гасоводите на Русија

Украина е намерена да направи големи отстапки за да добие ниска цена на гасот кој го користи.

Украинските власти се подготвени да ѝ ги отстапи на Русија главните гасоводи во замена за пониски цени на гасот кој го користи Украина - пишува „Комерсант-Украина“, повикувајќи се на извор близок до преговарачите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Виктор Јанукович.

Според информациите на овој извор, се работи за создавање конзорциум за управување со украинскиот систем за транспорт на гас. Рускиот концерт Гаспром ќе биде, како што се очекува, клучен играч во овој конзорциум. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња