Руската популарна социјална мрежа „Вконтакте“ по грешка е вклучена во списокот на забранети интернет-страници

Руската популарна социјална мрежа случајно се најде во списокот на забранети интернет-страници.

„Вконтакте“ по грешка е вклучен во списокот на забранети интернет-страници, изјави претставник на „Роскомнадзор“, додавајќи дека грешката е предизвикана од човечки фактор. Според информациите, грешката е веќе исправена.

„Вконтакте“ е најголемата социјална мрежа во Русија и според популарноста - прва инернет-страница во Белорусија, втора во Русија и Украина, а четврта во Казахстан. Според податоците од февруари 2013 година, оваа социјална мрежа ја користат повеќе од 43 милиони корисници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња