Русите се против амнестија на бизнисмените

Руските бизнисмени се застапија за ослободување на бизнисмените кои се казнети поради економски криминал.

Идејата за амнестија на бизнисмените кои се осудени за економски малверзации и криминал е различно оценета во руското општество. Против се изјасниле 36% од испитаниците на анкетата од ВЦИОМ, додека 33% се „за“, а 31% немаа мислење за амнестијата.

Амнестијата за осудените претприемачи за економски криминал му ја преложија на Владимир Путин претприемачите на средбата кон крајот на минатата недела. Претседателот оцени дека е рано да се зборува за таков проект и не искажа конкретен став по тоа прашање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња