Русија на прво место според желбата за усовршување

Русите се желни за самоусовршување.

Според резултатите од анкетата на Kelly Global Workforce Index, Русите сметаат дека за успешен развој на кариерата потребно е усовршување на професионалните вештини.

Апсолутното мнозинство (92%) анкетирани бараат можности за добивање на дополнителни професионални вештини во моментов, или планираат тоа да го направат наскоро.

Според желбата за лично усовршување, Русија се најде на првото место меѓу земјите во кои е направена анкетата, оставајќи ги зад себе земји како Франција, САД, Швајцарија, Велика Британија, Германија, Индија и други земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.