Русија е основен и клучен партнер на Чешка, и не само во политиката и економијата, туку и во областа на инвестициите, трговијата и безбедносната политика, изјави чешкиот премиер после разговорот со рускиот премиер, Дмитриј Медведев.
Клучна област на соработка меѓу двете земји, како што нагласи Нечас - е енергетиката. Тој потсети дека Чешка од 2013 година е приклучена на гасоводот „Северен тек“. „Следната област на соработка во гасниот сектор ќе биде создавање во Чешка на подземни складишта на гас“, изјави премиерот. Исто така, на преговорите се разговарало за учество на Русија во доградбата на два енергетски блока од нуклеарната централа Темелин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче