Нова железничка пруга за брзи возови меѓу Москва и Казањ за СП-2018

Министерот за транспорт, Максим Соколов изјави дека помеѓу Москва и Казањ ќе се појави нова железничка линија по која ќе сообраќаат брзи возови.

Министерот за транспорт, Максим Соколов изјави дека помеѓу Москва и Казањ ќе се појави нова железничка линија по која ќе сообраќаат брзи возови. Линијата ќе биде изградена навреме, пред одржувањето на Светското првенство по фудбал кое треба да се одржи во 2018. Ова го пренесува РИА Новости

„Ако почнеме проектната документација да ја разработуваме годинава, желензничката пруга ќе биде готова до почетокот на Првенството во 2018“, изјави Соколов.

Претходно е соопштено дека „Руските железници“ планираат изградба на две железнички линии за брзи возови меѓу Москва и Казањ и Москва - Ростов-на-Дону - Адлер.

Интерес за проектот веќе покажаа Гаспромбанк, Сбербанк, Внешекономбанк и ВТБ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.