Експертите на НАТО го создадоа првото упатство во светот за примена на постоечкото меѓународно право во сајбер војните. Во Русија самиот факт за појава на ваков документ го оценуваат како опасен чекор.
Документот од НАТО содржи 300 страници и веќе го привлече вниманието на сите руски институции - од Министерството за надворешни работи, па до Советот за безбедност и специјалните служби.
Документот носи име „Талинско раководство за водење на сајбер војни“. Главниот град на Естонија фигурира во името не по случајност: имено таму се наоѓа CCD COE, отворен во 2008 година после масовните хакерски напади на естонските сајтови после историјата со Бронзениот војник. Естонија тогаш се прогласи за жртва на првиот меѓудржавен сајбер напад и ја обвини Русија за истиот.
Во „Талинското раководство“ за прв пат се претставени алгоритами за дејства на државите и воените алијанси во случај на крупни напади. Целта на документот е да се докаже дека постојните меѓународни правни норми можат да се применат и во сајбер пространството.
На Запад појавата на „Талинското раководство“ беше примено позитивно. Многу американски експерти забележаа дека неговите клучни идеи се совпаѓаат со позицијата на Вашингтон, според кој нема да биде потребно создавање на нови закони.
Руските власти, од друга страна, доста внимателно се однесуваат кон појавата на „Талинското раководство“. Москва со овој документ предупредува дека светот е чекор поблизу до легитимизација на самиот поим „сајбер војна“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче