Министерството за одбрана на Руската Федерација објави тревога во редовите на Воено-воздушните сили и Космичките сили за одбивање на воздушно-космички напад. Армијата по трет пат годинава е тестирана без предвремено предупредување.
Во вежбите учествува војската на воздушно-космичката одбрана, а исто така и авионите за далечни мисии, како воено-транспортната авијација, соопшти РИА Новости, повикувајќи се на зборовите на началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов. „Утрово, по решение на министерот за одбрана, објавена е тревога, војската е ставена на готовс за исполнување на задачите“, изјави генералот. Во вежбите и проверките ќе учествуваат 8,7 илјади луѓе, 185 авиони и 240 оклопни машини.
Оваа вежба е трета по ред годинава. Во февруари се одржа проверката на војската на територијата на Централниот и Западниот воен округ. Во март се одржаа вежби на Црното море. Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу донесе решение ваквите вежби во иднина да станат регуларни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче