Паузата во економскиот раст на Русија и тенденцијата за стагнација останува. Поголеми промени во позитивна насока се очекуваат во вториот дел од годината, а веројатноста од рецесија е мала. Ова го пренесува РИА Новости, повикувајќи се на заменикот на Министерот за економија на Русија, Андреј Клепач.
Суфицитот во руската трговија во април изнесува 14,1 милијарди долари, извозот е намален за 4,2% во споредба со март и изнесува 42,4 милијарди долари, а увозот е зголемен за 4,9% и изнесува 28,3 милијарди долари.
Растот на БДП во периодот од јануари до април изнесува 1,8%, во април - 2,6%, а во март - 0,1%.
Во април Министерството за економија ги намали прогнозите за раст на економијата од 3,6% на 2,4%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче