Чиновниците во Русија ќе мора да поминат низ детектор за лаги

Советот за борба против корупцијата во почетокот на јуни ќе предложи да се разгледа прашањето за воведување на антикорупциски тестови за сегашните и идните чиновници.

Советот за борба против корупцијата во почетокот на јуни ќе предложи да се разгледа прашањето за воведување на антикорупциски тестови за сегашните и идните чиновници. Во Думата веќе подготвуваат поправки во законот за да се овозможи воведување на полиграф во државниот апарат. Ова го изјави за „Известија“ извор во администрацијата на претседателот.

„Засега воведувањето на специјални тестови е во самиот свој почеток. Ваквите чекори се неопходни за борба против корупцијата. После решавањето на многу аспекти на ова прашање, ваквата иницијатива законски ќе биде регулирана во поправките на законот „За борбата против корпупвијата“, изјави изворот од администрацијата на претседателот. Како што додаде тој, идејата за воведување на вакви тестови на чиновниците потекнува од Кремљ.

„Една од најинтересните иницијативи - е користење на полиграфот (детектор за лаги). Во ФСБ и други органи поминувањето низ полиграф е задолжително, но за чиновниците, пратениците и државните службеници во моментов тоа не е задолжително и не е законски регулирано. Освен поминување низ полиграф, ќе биде предложено поминување и низ неколку психолошки тестови“, забележа членот на Советот за борба против корупцијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.