Во московското метро ќе цитираат стихови од обичните патници

Московското метро за прв пат одржа литературен конкурс за патниците во чест на 78-годишниот јубилеј од создавањето на метрото во Москва.

Московското метро за прв пат одржа литературен конкурс за патниците во чест на 78-годишниот јубилеј од создавањето на метрото во Москва.

Учесниците во конкурсот требало да напишат четири стиха, каде би се среќавале зборовите „музика“, „ноќ“ и „метро“. Стиховите на победниците ќе се цитираат на ексалаторите за време на празничните денови.

Откако бил отворен конкурсот, за три дена пристигнале 752 песни, некои дури и на англиски и француски. Одбрани се 300 победници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња