Во Гоа е отворен руски конзулат

Нов руски конзулат во Индија.

Во индиската држава Гоа се одржа свечена церемонија на отворање на рускиот конзулат во тој дел на Индија, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на аташето на генералниот конзулат на Русија во Мумбаи, Марија Воројбјова.

На церемонијата присуствуваше амбасадорот на Русија во Индија, Алексндар Кадакин, генералниот конзул Алексеј Новиков и главниот министер на државата Гоа, Манохар Парикар.

Виктор Албукерк е назначен за конзул во новиот руски конзулат. Работата на конзулатот треба да започне есенва, заедно со туристичката сезона во Гоа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња