Русинките сè почесто се откажуваат од абортус

Позитивни резултати од владините политики за намалување на абортусите и зголемување на бројот на население.

Бројот на починати граѓани на Русија во минатата година е намален за 26.200. Забележан е раст на наталитетот за 5,6%, па наместо досегашните 12,6, во просек има 13,3 новородени на 1.000 луѓе.

На овој резултат позитивно влијаеја мерките за заштита на мајките и подобрувањето на условите за породилно отсуство. Организирани се и служби за психолошко советување на трудниците, а покрај другото, и на оние кои се нашле во тешка животна ситуација. Благодарејќи на овие мерки, бројот на абортуси е намален за 53.900.

Според ова, минатата година е прекинат долгогодишниот пад на бројот на жители во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња